Насловна / Вести / Кинезите го претставија најбрзото копнено возило на планетата – развива брзина од 600 километри на час (видео)

Кинезите го претставија најбрзото копнено возило на планетата – развива брзина од 600 километри на час (видео)

Кина претстави воз со големи брзини маглев (скратеница од магнетска левитација), кој достигнува максимална брзина од 600 километри на час, ги пренесува Ројтерс, наводите на кинеските државни медиуми. При максимална брзина, на овој маглев воз му се потребни два и пол часа за да го помине растојанието од Пекинг до Шангај, а станува збор за оддалеченост поголема од 1.000 километри. За споредба, патувањето со авион би траело три часа, а со брз воз 5,5 часа.

маг_resize

Новиот кинески маглев воз е конструиран според принципот на магнетна левитација, при што не постои контакт помеѓу возот и подлогата, па со тоа нема сила на триење во лежиштата на тркалата и триење след тркалање. Возовите маглев лебдат на кратко растојание од шините користејќи магнети кои создаваат подигнување и потиснување.

Кина оваа технологија ја користи скоро две децении во многу ограничен обем во Шангај, каде има кратка линија од еден од најголемите аеродроми до центарот на градот.

Иако во Кина сè уште нема меѓуградски или меѓурегионални маглев линии, оваа промоција на возот може да ја забрза нивната изградба.

Возовите маглев се иднина, и многу земји од Јапонија до Германија планираат да изградат железнички мрежи маглев, што засега ги отежнуваат високите цени на таквата технологија и несовпаѓањето со постојната инфраструктура.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top