Насловна / Вести / Скок на цените на недвижностите во регионот и во европските метрополи

Скок на цените на недвижностите во регионот и во европските метрополи

Поради неизвесната економска ситуација и војната во Украина, се поголем број луѓе се одлучуваат да инвестираат во недвижнини. За многумина тоа е начин на штедење, па готовината ја претвораат во квадрати. Затоа цените почнаа вртоглаво да растат. Како се движат цените на недвижностите во европските метрополи, а како во регионот?

Според податоците на веб-страницата „Нумбео“, која ги споредува условите за живеење во различни градови во светот, цената на стан во центарот на Белград во просек изнесува 3.117 евра, додека надвор од градот може да се најде за 1.775 евра.

1

Кога ќе се погледнат огласите, цената од 1.775 евра за метар квадратен делува нереална. Во огласите речиси и да нема такви недвижнини. Станови по таа цена веројатно не стигнуваат до огласи или брзо се продаваат или цената е малку корегирана при самата продажба.

Пред четири години за стан од 92 квадрати во новобелградски блок се плаќал 90.000 евра, а сега се продава стан од 45 квадрати во истата зграда и во слична состојба за повеќе од 100.000 евра.

Нешто малку повисоки се цените во Загреб. Цената на стан во центарот на градот е 3.524 евра за метар квадратен, додека во другите населби може да се најде за 2.322 евра.

Оние кои би сакале да поминат поевтино би можеле да инвестираат во центарот на Сараево. Квадратен метар во центарот чини 1.871 евро, а на периферијата 1.204 евра во просек.

pg

Становите во Подгорица се уште поевтини. Така, квадрат во центарот на градот може да се најде за нешто повеќе од 1.500 евра. А становите на периферијата на Подгорица чинат исто како и оние надвор од центарот на Сараево.

Можеби највеќе изненадуваат цените во грчката престолнина. Просечна цена на стан во центарот на Атина е 2.432 евра по квадрат, а нешто малку пониска на периферија – 2.334 евра.

Сепак, според податоците на Spitogatos Property Index, трендот на пораст на цените на продажба и изнајмување на куќи во Атина, како и секаде, се зголемува.

Најскапите области за купување куќа се главно општините во јужните предградија на Атина како Вуљагмени, каде квадрат вреди 5.600 евра.

at

Нешто поскапо од Атина, но многу подостапно отколку во другите европски градови, може да се најдете стан и во Лисабон. Цената за центарот на градот е околу 5.000 евра, а за периферијата е во просек 2.858 евра. Но, според огласуваниот недвижен имот, би можело да се каже дека стан може да се најде за многу пониска цена од 2.000 евра за квадрат.

Високи цени во Париз и Лондон

Цените на недвижностите во Берлин и Виена се слични. Стан во центарот на Берлин може да се најде по просечна цена од 8.107. евра за метар квадратен, додека најскапите квадрати одат и до 11.000 евра. Надвор од центарот цените се поповолни, во просек по 5.319 евра за метар квадратен, иако може да се најде и за 4.000 евра.

Најскапите квадрати во центарот на Виена достигнуваат 14.000 евра, а просчно може да се купи за 8.754 евра. На периферијата на градот може да се купи квадрат почнувајќи од 3.500 евра, но полесно е да се најде по просечна цена од 5.782 евра за метар квадратен.

Поскап и од Виена и од Берлин е Амстердам. Цените во центарот на градот се околу 9.300 евра, додека вообичаено периферијата е поевтина и може да се најде за 6.176 евра. Иако и оние кои се спремни да платат по 5.000 евра за метар квадратен, можеби со малку среќа ќе најдат соодветен имот.

Цената на стан во центарот на Москва е 8.652 евра за метар квадратен, а може да достигне и двојно повеќе, додека квадрат во предградијата чини во просек 4.642 евра. Интересно е што цените во Сочи се дури и повисоки отколку во главниот град на Русија.

soc

Според податоците за првата половина на 2022 година, просечната цена на луксузните недвижности во Сочи била 42.000 евра за метар квадратен. Освен тоа, во Сочи е поставен руски рекорд на цена – неверојатни 112.414 евра по квадратен метар станбена површина , пишува порталот за недвижности Kuban-rbc-ru.

lo

Цените се вртоглави и во Париз и Лондон. Квадрат во центарот на Париз достигнува 15.000 евра, додека просечен може да се најде за 12.000 евра. Становите на периферијата се нешто поевтини и таму чинат околу 9.000 евра за метар квадратен.

pr

Цената на становите во центарот на Лондон оди и до 19.000 евра за метар квадратен, а оние кои не се многу пребирливи за просечниот квадрат треба да заштедат 13.283 евра. Периферијата е значително поповолна и таму квадратот е околу 6.600 евра.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top