Насловна / Арт и дизајн / Карло Станга: Голем вљубеник во градовите, им пристапува како на личности

Карло Станга: Голем вљубеник во градовите, им пристапува како на личности

Роден во Италија, Карло Станга отсекогаш имал огромна страст за цртање. По дипломирањето архитектура на Politecnico di Milano, најголемиот технички универзитет во Италија со околу 42 илјади студенти, го продолжува своето образование посетувајќи студии за уметност и дизајн. Тој се определил да се занимава со илустрација, за што самиот вели дека е неговиот креативен талент, негова судбина. Вљубеник во цртањето, смета дека доколку човек не обрнува внимание на својата најдлабока страст, тоа значи дека ќе си го оштети сопствениот живот.

01_resize

Професијата илустратор ја одбрал бидејќи смета дека во суштина среќен живот значи да се занимаваш со професија која ја сакаш, те прави среќен, и која во „секој случај би ја работел затоа што ти се допаѓа, дури и кога не би бил платен за тоа“.  Тој на своите почетоци соработувал со Бруно Мунари, врвен италијански дизајнер, уметник и пронаоѓач кој придонел за основите во многу полиња на визуелните уметности. Соработката со Мунари за Станга претставувала неверојатно искуство што влијаело на неговиот начин да го види светот.

illustration-bridges-london-thames-stanga_resize

ИНСПИРИРАН ОД БОГАТСТВОТО НА АРХИТЕКТУРАТА

Карло Станга уште од мали нозе покажувал јасен интерес за зградите и градовите. Роден во малото село Сончино во регионот Ломбардија, бил инспириран од богатството на архитектонски примери во неговото родно место, од средниот век, преку ренесансата, до барокот. „Можев да набљудувам голем број на архитектонски стилови“, вели тој и додава: „Покрај тоа, присуството на голем антички замок и големи градски ѕидини, ме натера многу да сонувам за фантастични градови како за оние во минатото, така и за оние во иднината“.

3_resize

Во основно училиште имал среќа да има учителка која умеела да го препознае неговиот талент, допуштајќи му слободно да се изразува. Често од него барала да направи цртежи на основните предмети на училишната настава. Карло сеќавајќи се на детството вели: „Обично бев наведнат со главата над голем лист хартија, голем колку килим, скицирајќи хировити сцени за старите Римјани, Француската револуција, дождовните шуми, Сончевиот Систем. Цртав со црн фломастер и моите соученици добиваа инструкции да ги обојат моите креации. Така, најчесто моите пријатели беа посветени на боење со убави бои, сите заедно со мене лежејќи на стомак преку листот“.

duomo-illustration-milano-moleskine-stanga_resize

На осумгодишна возраст, Карло за прв пат го посетил Рим. Градот на него оставил голем впечаток и трага, на некој начин ја запечатил неговата судбина во изборот на професијата. „Се чувствував многу инспириран од овој прекрасен град, особено кога го посетив Пантеонот. Емотивното влијание на двеилјадигодишната бетонска купола со окулусот широк 9 метри од кој наизменично се менуваа дождот и сончевите зраци ме натера да се одлучам да станам aрхитект“, се сеќава Карло. Тоа е сон што тој успеал да го оствари, да дипломира архитектура и да работи како илустратор, архитект и автор на книги. Неговиот интерес уште од најраното детство делува некако пророчки кога ќе се види неговата работа со италијански списанија и весници и меѓународни клиенти од Европа и САД. Неговиот препознатлив стил постојано освојува награди за илустрација во Италија, а неговата работа е препознаена и од страна на The American Illustration Annual, добитник е на златниот медал на натпреварот Creative Quarterly #15 и на награди за извонредност во комуникациските уметности.

street-new-york-illustration-stanga_resize

Неговиот препознатлив стил на цртање е резултат на неговото искуство во архитектурата и студиите по уметност и дизајн. За тоа како се формирал неговиот стил Станга вели: „На самиот почеток не бев свесен за својот стил, како што милувам да кажам, својот јазик. Се се одвиваше мошне тивко и природно и секој нов цртеж беше како експеримент. Подоцна, кога сфатив дека луѓето сакаат да ми платат за моето уметничко дело, илустрацијата стана вистинска работа за мене и почнав посериозно да размислувам за својот јазик. Всушност како  илустратор и уметник, да се има единствен и препознатлив јазик, апсолутно е клучно“.

manhattan-bridge-illustration-carlo-stanga_resize

РАЗМИСЛУВАМ ЗА ГРАДОВИТЕ КАКО ЗА ЛУЃЕ

Станга остварил одлична соработка со издавачката куќа Moleskine, насловена „Обој го својот град“. Оваа соработка е реализирана во збирка книги, со илустрации на светски градови создадени од Карло. Проектот го отелотворува духот што зрачи низ целиот свет и овозможува повторно и повторно да се откриваат нашите градови. За соработката со Moleskine Карло вели дека е нешто што започнало сосема природно: „Имајќи предвид дека споделуваме исти интереси и теми. Отсекогаш користев скици од Moleskine во мојата работа, а покрај тоа сакам архитектура, скицирање, градски пејзажи, уметност, патувања. Ова се истите работи кои припаѓаат на имагинацијата на Moleskine. Ја делиме истата визија“.

Doppia_Salone libro.qxd (Page 68 - 69)

milano-illustrazione-libro-stanga-moleskine_resize

Карло е голем вљубеник во градовите, им пристапува како на личности: „Размислувам за градовите како за луѓе, мислам дека речиси сите така размислуваме, иако можеби за тоа не сме свесни. Всушност кога ги опишуваме градовите обично користиме придавки кои совршено им одговараат на луѓето: елегантен град, богат град, сиромашен град, нечист град, среќен град, убав град, грд град, насилен град, романтичен град итн. Покрај тоа градот има детство, адолесценција, зрело доба и старост. Исто така градот може да биде убиен и мртов, како Вавилон итн. Затоа кога му приоѓам на некој град се обидувам да сфатам каков е тој град како личност. Тоа е така затоа што кога цртам мојата главна цел е да ја пронајдам особеност и идентитет на таа урбана личност“.

gtin_9788867325733_01_resize

Со ваков начин на размислување започнува неговата соработка со Moleskine во 2015 година и е посветена на големите градови. Станга ја пишува и илустрира првата книга „I am Milan“, потоа следуваат „I am London“ и  „I am New York“. Резултатот е замислен свет спакуван во книги, кои упатуваат на познати обележја на градовите преку „знаци како облакодери, влезови во метро, улични светла, семафори, референци на познати дизајнери и архитекти“. Тие се слика која Карло ја опишува како „комплицирана и шарена“. Бојата е важна во овие книги, при што Карло се држи до својата препознатлива ограничена палета на бои, „каде тоновите се многу светли и брилијантни“, како би прикажал „мошне жив свет, секогаш во движење“. Во неговите илустрации на градовите може да се најдат бои, сенки, општата атмосфера на градот концентрирани во само 60 или 70 слики, исто како и многу портрети, чувства и моменти од животот на тој град.

duomo-illustration-milano-moleskine-stanga_resize

Запрашан ако е градот човек, кој е Милано, Карло ќе одговори: „Јас го замислувам Милано како средовечна жена, многу зафатена, елегантна, понекогаш премногу конзервативна и себична, не со особено отворен ум во споредба со нејзините европски колеги, но мошне подготвена да се подобри“.

ILLUSTRATION-MILANO-MONUMENTALE-CIMITERO-STANGA_resize

Карло Станга живее во Берлин и урбанизмот е во центарот на неговата работа. Секогаш патува и посетува многу урбани опкружувања кои континуирано му пружаат инспирација. Особено е воодушевен од квалитетот на градежните материјали во секој град што го посетува, присуството на зеленило и вода, разноликоста на луѓето и архитектурата, чувството на слобода кое го доживува во градовите, интензитетот на светлото и сенката, сè ова се различни впечатоци што секогаш го повикуваат да црта.

berlin-poster-goethe-institut-illustration-1-scaled_resize

Животот во Берлин го прави среќен. Ужива во одлично организираниот јавен транспорт, но претпочита да користи велосипед, возејќи низ повеќе од 1.500 километри велосипедски патеки. Исто така важно му е и пешачењето кое му овозможува да ги открие сите скриени и скапоцени места во градот. А Берлин му дава можност да го направаи тоа во многу зелена и жива средина. „Толку сум опуштен и задоволен шетајќи низ градот во кој живеам, што секогаш ми дава посебна и неисцрпна инспирација за мојата уметничка работа“, вели Карло.

ILLUSTRATION-STPANCRAS-STATION-LONDON-STANGA_resize

Во 2019 година за специјалното издание на италијанското списание за архитектура и дизајн Аbitare посветено на градот Милано, изработува дело за Salone del Mobile. Одлучува да се фокусира на проблемот со климатските промени, оддавајќи почит на изложбата „Скршена природа“ на Триеналето на Милано. Го илустрира миланскиот плоштад, поплавениот Piazza Duomo во сонливо расположение, со италијански иконски дизајнерски парчиња кои се појавуваат среде катастрофата и бел кит, симбол на природата, кој излегува од Галеријата Vittorio Emanuele II, прикажувајќи нов иден предизвик. Ова дело е насловено „Дизајнерска грижа“, со желба да се реши еколошкиот проблем со посвесно и поодржливо дизајнирање.

design-abitare-bonvini-milano-triennale_mFz8-scaled_resize

КОРИСТИ ХИБРИДЕН МЕТОД НА РАБОТА

Во 2019 година заедно со Domestika креира онлајн курс за илустрации каде ја објаснува својата визија, ги споделува своето искуство и метод на работа, а во 2021 година организира и втор курс посветен на перспективата. Неговата главна цел е да ги инспирира учениците и да им помогне да ги осознаат својот вистински уметнички идентитет и личност, да достигнат уникатен стил и да бидат целосно свои без да копираат. Тој користи хибриден метод на работа, помеѓу аналогно и дигитално кој го предава на курсот. Сè уште црта со молив или со рапитограф, типични алатки за преддигиталните архитекти. Сака да го почувствува односот меѓу моливот и хартија, а вели и дека „раката работи на подобар и покомотен начин“. По изработка на цртежот во аналоген свет, скенира сè за да премине во дигитален свет, за да направи датотека во висока резолуција, која е флексибилна за понатамошни различни намени.

Во 2021 година ја издава својата прва илустрација за деца, книгата „Заха Хадид“, која ја напишала Eloisa Guarracino, во издание на Raum Italic, Berlin и Maxxi, Rome.

Book Cover Top View Mockup by Anthony Boyd Graphics

Zaha Hadid, vita e gesta raccontati ai bambini

BRITISH-MUSEUM-LONDON-ILLUSTRATION-STANGA_resize

brooklyn-bridge-illustration-carlo-stanga_resize

central-park-newyork-illustrator-stanga_bZla_resize

guggenheim-new-york-snow-illustration_resize

ILLUSTRATION-LONDON-LLOYDS-ARCHITECTURE-STANGA_resize

mta-new-york-poster-illustration-scaled_resize

street-new-york-illustration-stanga_resize washington-square-panorama-illustration-stanga_resize

kitchen-food-illustration-interior-stanga-buy_th1_resize

мил_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top