Насловна / Вести / Склучен е најголемиот енергетски договор за 2020, вреден 20,7 милијарди УСД

Склучен е најголемиот енергетски договор за 2020, вреден 20,7 милијарди УСД

Конзорциумот составен од шест глобални инвеститори и Националната нафтена компанија на Абу Даби (ADNOC), склучија договор вреден 20,7 милијарди УСД.  Договорот предвидува вложување на конзорциумот во вредност од 10,1 милијарди УСД во стекнување на удел од 49% во новоформираната подружница „ADNOC гасоводи“, со стекнување на право на закуп на 38 гасоводи. ADNOC ќе има мнозински удел во новоформираното претпријатие од 51% и ќе ја задржи сопственоста над гасоводите. Исто така, ќе биде одговорен за стопанисувањето, и ќе биде надлежен за капиталните расходи.

Ова е најголема инвестиција во енергетската инфраструктура во регионот на Персискиот залив, и најголема во светот во 2020 година, стои во соопштението на компанијата ADNOC.

adnoc2

photographed by Franz GERDL, Austria

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top