Насловна / Вести / Биорафинерија како стратешки инвестициски проект на Хрватска

Биорафинерија како стратешки инвестициски проект на Хрватска

И покрај бројните предизвици во деловното опкружување, компанијата INA продолжува со проектот INA R&M Novi smjer 2023 и трансформацијата на рафинеријата во Сисак во индустриски центар. Една од активностите на оваа локација е и развој на проектот „биорафинерија“, благодарение на кој компанијта би произведувала биоетанол од втората генерација од биомаса, со истовремено производство на „зелена“ енергија. Токму за овој проект, поднесено е барање до Министерството за економија и претприемништво, со цел да му биде доделен статус на стратешки инвестициски проект за Република Хрватска. Станува збор за инвестиција од околу 250 милиони евра, од кои дел ќе се обезбедат од Иновацискиот фонд на Европската унија. Како прв чекор во изградбата на постројката за производство на втората генерација ан биоетанол со негативен CO2 отпечаток на локацијата на рафинеријата Сисак, INA во февруари годинава, потпиша договор за лиценца со француската група AXENS за технологијата Futurol, како и договор за основен проект.

Исто така, кон крајот на минатата година, потпишан е договор со белгиската компанија De Smet Engineers & Contractors за основен проект за помошните постројки и интеграција на постоечката рафинериска инфраструктура. Покрај тоа, веќе с енаправени две жетви на енергетската билка  „мискантус“,  која INA ја посадила на демонстрациското поле Ругвица во близина на Загреб. Собраната биомаса од првата жетва, е испратена на тестирање во склоп на ЕУ проектот GRACE (GRowing Advanced Industrial Crops on marginal lands for biorEfineries). Резултатите потврдиле дека  билката е добра суровина за проеизводство на биоетанол од втората генерација.

За потребите на воспоставувањето на синџир за снабдување со суровина, вложувањата во земјоделството се проценети ан 50 милиони евра. За тоа, исто така се планира користење на средства од фондовите за рурален развој, што вклучува и активација на веќе запуштено земјоделско земјиште.

ina1

ina2

ina3

Испрати коментар

Scroll To Top