Насловна / Вести / Скапата енергија е виновна за растот на цената на градежните материјали

Скапата енергија е виновна за растот на цената на градежните материјали

Поради глобалната криза во светот, зголемување на цените на струјата и гасот, цените на цементот, железото, алуминиумот, керамиката, постојано растат. Градежните материјали како резаната граѓа поскапеа за 400 отсто, алуминиумските профили исто така, цената на бетонското железо скокна за 100 отсто, подовите и керамиката, машинските инсталации исто така поскапеа и нема да застанат тука. Зголемувањето на цените на материјалите неминовно ќе се одрази на цената на квадратен метар станбен и деловен простор.

гр2_resize

Зголемувањето на цените на репроматеријалите ќе продолжи поради пумпање на голема сума пари во светските економии, што доведе до инфлација. Покрај тоа, има скок на цената на нафтата, гасот и електричната енергија.

гр3_resize

Америка впумпа 14.000 милијарди долари како мерка за економско закрепнување од короната. Во такви ситуации, прво се придвижува градежната индустрија, изградба на нови и реновирање на старите станови. САД издвоија седум илјади милијарди долари за 100.000 километри нови патишта и реновирање на старите, потоа градат 48 нови нуклеарни централи, ветерници, наведуваат експертите. Нагласуваат и дека се започнати програми за реновирање на станови, болници и хотели во Белгија, Германија и Франција. Тоа не го прават случајно, бидејќи кога ќе се покрене градежништвото, кое повлекува 50 стопански гранки, ја придвижува целата економија.

гр1_resize

Аналитичарите посочуваат дека она што се случува на меѓународниот пазар мора да се има предвид. Инфлацијата во Соединетите држави е на највисоко ниво во последните триесет години. Од една страна, ова се правда со нерамнотежата помеѓу понудата и побарувачката, но има аналитичари кои велат дека економијата се прегреала поради долгорочната експанзија  на монетарната политика која пумпа големи пари во економијата, а пазарот не може тоа целосно да го избалансира.

Зголемувањето на цените се случи во втората половина на минатата година, кога економијата почна полека да закрепнува по пандемијата. Потоа настана нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката, поради што се зголемија цените на индустриските производи, житариците, енергијата, како и цените на транспортот.

gr0_resize

Ова се интензивираше во последните недели, иако имаше индикации и порано. Имаме енергетска криза од едноставна причина што побарувачката на економијата е постојано висока, понудата е ограничена и со фактот дека производството на јаглен е намалено поради потребата да се организира намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Од таа причина, има зголемување на цените на енергенсите.

Пример е природниот гас, кој се третира како чиста енергија и чија цена се зголеми за 125 отсто од почетокот на годината, а само во последниот месец за околу 25 отсто. Сега Кина, како голем потрошувач на енергија, бара многу од тој течен гас, што само ја зголемува цената.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top