Насловна / Архитектура / Конкурс за нов градски парк во Бања Лука

Конкурс за нов градски парк во Бања Лука

Со желба да се добие квалитетно и функционално решение, кое ќе ја артикулира постојната неизградена површина во непосредна близина на центарот на Бања Лука во нов градски парк соодветен на големината на градот, Градот Бања Лука објавува ОПШТ ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идејно пејзажно урбанистичко – архитектонско решение за паркот покрај Булеварот на српската војска.

default

Новиот „Градски парк“ се смета за клучна пресвртница за понатамошниот развој на „Нова Бања Лука“. Можност да стане кохерентна градска зелена површина третирана во форма на парк, базиран на постојната интегрирана топографија во внатрешниот круг на центарот на градот.

Градот има потреба од нови урбанистички содржини, така што овој вид на интервенција и самиот модел на пристап, се важен фактор во одржувањето на епитетот на зелен град и егзистенцијата на урбаната средина.

bl1_resize

Со анализа на локацијата се препознавааат квалитетите на постојните просторни и архитектонски елементи и тие првенствено се користени како потенцијали за дефинирање на проектната задача.

Површината на локацијата изнесува 190 илјади квадратни метри. Kонечниот изглед на паркот ќе се добие низ архитектско-урбанистичко-пејзажен конкурс.

Содржините на идната парковко-рекреативна зона треба да биде такви што ќе одговорат на недостатоците кои се присутни во социјалната сцена на градот Бања Лука и неговата околина, со употреба на одржливи, модуларни, прилагодливи, модерни и слоевити решенија.

default

Конкурсот за новиот градски парк ќе биде отворен до 5 декември 2021 година, а предвидена е парична награда во износ од 15.000 евра за најдоброто идејно решение.

Натпреварот е организиран дигитално, а повеќе информации може да се најдат на линковите:

https://www.banjaluka.rs.ba/konkurs-park-bl/

https://en.banjaluka.rs.ba/competition-park-bl/

Испрати коментар

Scroll To Top