Насловна / Вести / Шведска:Првиот светски електрифициран пат кој ги полни возилата додека се во движење

Шведска:Првиот светски електрифициран пат кој ги полни возилата додека се во движење

Во Шведска е отворен првиот пат на светот кој ги полни батериите на електричните автомобили и камиони додека се движат. Свеченото пуштање во сообраќај на т.н  eRoadArlandа е направено на 11-ти април 2018, а властите веќе имаат подготвено мапа за идното проширување на електрифицираната сообраќајна мрежа. Електричниот погон на  улиците е  со цел постигнување целосна независност од фосилните горива до 2030 година. Швеѓаните настојуваат емисиите на штетни гасови од сообраќајот да ги редуцираат за 70%, при што електрифицираните сообраќајници се само едно од низата решенија кои се предвидени во оваа насока.

Сообраќајницата е опремена со необична пруга која ја пренесува енергијата кон батеријата во возилото. Предноста на ваквото „динамичко“ полнење наспроти статичното, е во тоа што овоможува во иднина батериите на електричните возила да бидат помали, а со самото тоа и трошоците ќе бидат пониски.

Трошокот за електрификацијата е еден милион евра по километар, што е 50% поефтино од изградба на урбана трамвајска линија.

eRoad 3

eRoad 1

SWEDEN-INNOVATION-TRANSPORT-EROAD

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top