Насловна / Вести / Рециклиран дрвен отпад за подобар бетон

Рециклиран дрвен отпад за подобар бетон

Тимот истражувачи од National University of Singapore (NUS) развил нова метода за рециклирање на дрвен отпад. Оваа метода подразбира вградување на дрвениот отпад во мешавината на цемент и малтер, што резултира во материјал кој е појак и повеќе водонепропусен.

За само една година, фабриките за мебел во Сингапур генерираат повеќе од полoвина милион тони дрвен отпад. Најчесто тој е во форма на дрвени струготини, и добар начин за негова повторна употреба е ако се претвори во biochar,  супстанца налик на јаглен која не се употребува за согорување.

biochar1

Biochar  има различни еколошки предности. Иако поголемиот дел од биомасата се распаѓа во рок од 10 до 20 години, ослободувајќи го својот јаглерод во атмосферата, biochar е неверојатно стабилен материјал и способен е да го „држи“ својот јаглерод со илјадници години.

Една студија од 2010 година покажала дека зголемувањето на глобалното производство на  biochar,  може да „неутрализира“ над 10% од светската емисија на штетни гасови. Поради одличните својства во однос на апсорпција и задржување на вода, biochar е исто така добар и за подобрување односно збогатување на почвата.

Тимот од  NUS, во своето истражување за примената на  biocahar во екокомерцијални цели, открил дека со негово додавање во цементната мешавина во мали количини, се добиваат метеријали кои се дури 20% појаки и 50% повеќе водонепропусни споредени со конвенционалниот бетон.

Biochar-infographic

biochar3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top