Насловна / Ентериери / Шведска куќа покрај море

Шведска куќа покрај море

svedska kuka pokraj more_01

Шведската дизајнерка на ентериери Marie Olsson Nylander е авторка на оваа прекрасна куќа во која се опушта и ужива во мирот на семејниот живот. Куќата се наоѓа во малото шведско место Арилд . Ова прекрасно здание било изградено во 1970 година.

Дизајнерката и нејзиниот сопруг го разгледувале овој прекрасен дом повеќе пати пред да се одлучиле да го купат. По купувањето, според зборовите на самата дизајнерка, веднаш им станало јасно каков генијален простор имаат и дека можат да го уредат токму како што замислувале.

svedska kuka pokraj more_03 svedska kuka pokraj more_06 svedska kuka pokraj more_05 svedska kuka pokraj more_04

Ги отстраниле старите подови и создале нова организација на животен просторот: белите ѕидови станале чисти и бели платна за декоративни предмети во целиот ентериер,  додека големите прозорци биле оставени за да се овозможи што поголемо количество природна светлина. Стари кружни скалила што ги поврзуваат двата ката биле дополнително додадени и тие се главниот детал во просторот.

Собите се украсени со „безвременски“ парчиња на мебел: маса во трпезаријата од Египет , слики од уметникот Tove Mauritzson, стари софи… Старите, користени предмети, од кои секој раскажува приказна си најде свое место во оваа прекрасен дом, и на тој начин тие потсетуваат и на заедничката љубов во собирањето на убавите украсни предмети и мебел.

Нивниот дом може да ги охрабри сите оние кои сакаат да креираат сопствени простори во кои ќе се почувствуваат нивните специфични афинитети и лични карактеристики.

svedska kuka pokraj more_02 svedska kuka pokraj more_07 svedska kuka pokraj more_08 svedska kuka pokraj more_09 svedska kuka pokraj more_10 svedska kuka pokraj more_11 svedska kuka pokraj more_12 svedska kuka pokraj more_13 svedska kuka pokraj more_14

Испрати коментар

Scroll To Top