Насловна / Вести / Серафимовски: „Становите нема да поевтинуваат“

Серафимовски: „Становите нема да поевтинуваат“

Цените на градежните материјали почнаа да се стабилизираат, па очекуваме стабилизација и на цената на недвижнините, изјави при гостувањето на Блумберг Адриа ТВ, Андреа Серафимовски, претседател на Градежната комора при Стопанската комора. Сепак цените на становите нема да се вратат на нивото од пред кризата категоричен е тој.

1

„Со оглед на тоа што цените на градежните материјали почнаа да се стабилизираат, очекуваме и стабилизација на цената на становите односно на недвижнините. Секако стабилизацијата нема да биде на онаа цена на која сме навикнати туку цената ќе биде одраз на она што компаниите реално трошат дополнително и колку е голема побарувачката. Така што очекуваме некоја стабилизација, но на цена повиоска за 20 до 25 проценти од таа пред кризата, вели Серафимовски.

2

Тој додава дека очекува да се намали побарувачката на станови со растот на каматите на станбените кредити, но не очекува драстично намалување на купувањето на станови оти и искуството покажува дека граѓаните купуваат недвижнини во криза.

Во земјава 90 отсто од недвижнините се купени на кредит. Серафимовски елаборираше и за клучните причини за растот и ауктуелната состојба на пазарот.

Извор: Bloomberg Adria

Испрати коментар

Scroll To Top