Насловна / Вести / Франција дава и до 3.000 евра на граѓаните кои ќе го заменат автомобилот со електричен велосипед

Франција дава и до 3.000 евра на граѓаните кои ќе го заменат автомобилот со електричен велосипед

Владата во Франција нуди субвенции на секој граѓанин кој ќе се откаже од средствата за превоз кои загадуваат и ќе одберат еколошки прифатлива варијанта. Оние кои живеат во домаќинства со ниски приходи во урбаните зони со ниски емисии, а кои ќе се откажат од автомобил, имаат на располагање субвенции од 3.000 евра за купување на електричен велосипед. За оние со повисоки примања, субвенциите се пониски.

ebikes1

Првично, субвенционирањето е воведено минатата година, но неодамна е зголемено откако владините официјални лица увиделе дека мора да се стори повеќе за да се стигне нивото на Холандија, Германија и Данска. Француската влада сака до 2024 година, 9% од граѓаните да користат велосипеди, а сегашната стапка е само 3%. Покрај ваквите индивидуални иницијативи, Франција работи и на подобрување на инфраструктурата за велосипедистите, па само за Париз се планирани 130 километри нови велосипедски патеки во наредните 5 години.

ebike2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top