Насловна / Вести / Атина: Чекор поблиску до паметниот град од 8 милијарди евра

Атина: Чекор поблиску до паметниот град од 8 милијарди евра

Lamda Development го најави својот грандиозен проект во преградието на Атина, претставувајќи го моделот во размер 1:625 на новиот паметен град Ellinikon city. Инвестицијата е проценета на 7,9 милијарди евра. Станува збор за најголема приватна инвестиција во Грција и најголем проект од областа на урбана трансформација во Европа.

ellinikon1

ellinikon2

Лоциран на местото на поранешниот меѓународен аеродром во Атина, новиот град ќе има три пати поголем простор од Монако, и ќе биде изграден во фази. Првата фаза вклучува изградба на резиденцијална кула која ќе се отвори во 2025 година, како и спортски комплекс, марина и основи на сообраќајната мрежа на градот. Сообраќајната инфраструктура е проектирана на начин кој овозможува достап до секој дел од градот за максимални 15 минути. Проектот вклучува изградба на биоклиматска архитектура, а во крајбрежјето ќе биде инсталиран систем за рано предупредување односно превенција на поплави. Предвидени се вкупно 2 милиони квадратни метри зелен простор. Се прогнозира дека овој проект ќе отвори околу 75.000 нови работни места, а со своите нови технологии и одржливост, ќе креира нова парадигма на баланс помеѓу животот и работата. Изградбата е планирано да започне следната година, а за главен изведувач е избрана фирмата GEK Terna.

ellinikon3

ellinikon4

Испрати коментар

Scroll To Top