Насловна / Вести / Секој паркинг во Франција со над 80 места, ќе мора да биде прекриен со фотонапонски панели

Секој паркинг во Франција со над 80 места, ќе мора да биде прекриен со фотонапонски панели

Соларната енергија добива огромна поддршка во Франција, каде  е усвоен закон според кој  сите паркинзи со повеќе од 80 места,  мора да бидат покриени со фотонапонски панели. Новиот закон е дел од планот на францускиот претседател Емануел Макрон, за  сериозно влоќување во обновливи извори на  енергија, кој има за цел зголемување на производството на електрична енергија од Сонцето за 10 пати, како и да го удвои производството на енергија добиена од ветерот. Од 01.07 2023 година, помалите паркинзи кои имаат помеѓу 80 и 400 места, ќе имаат пет години за да се усогласат со новите мерки, додека оние со над 400 места тоа ќе мора да го направат побрзо – во рок од три години, при што барем половина од површината ќе мора да биде покриена со фотонапонски панели.

francepv1

parking1

Според владиниот план, кој посебно е фокусиран на големите паркинзи околу комерцијалните центри и железничките станици, од соларната енергија би требало да бидат генерирани 11 GWh енергија. Другите мерки вклучуваат изградба на големи соларни паркови на празно неискористено земјиште покрај автопати и пруги. Локалните заедници кои ќе извршат транзиција кон обновливи извори на енергија ќе имаат директни финансиски придобивки. Француската национална железница исто така планира да инсталира 190.000 квадрани метри фотоволтаични панели на 156 станици ширум земјата до 2025 година и уште 1,1 милион квадратни метри до 2030 година. Властите исто така имаат намера да изградат и 50 нови ветерни паркови, посебно офшор паркови на Атлантикот.

parking2

Испрати коментар

Scroll To Top