Насловна / Саеми / Меѓународен саем за градежништво во Белград SEEBBBE 2010

Меѓународен саем за градежништво во Белград SEEBBBE 2010

saem-belgrad-2.jpgГрадиме лесно


Од 22 до 27 април во Белград
под мотото „Градиме лесно”
се одржа 35-тиот Меѓународен
саем за градежништво – SEEBBBE
(South East Europe Belgrade Building Expo) 2009. На површина
од 60.000 квадратни метри се
претставија над 1000 домашни и
странски изложувачи. Саемот го
посетија над 70.000 посетители од
земјата и од странство.

На оваа најголема
престижна манифестација
од областа на градежништвото
во Југоисточна Европа како дел
од вкупно 31 земја-учесник беа и
фирми од нашата земја.

 

Од македонските
компании освен АДИНГ
АД, кој традиционално секоја година
учествува на саемот и компанијата
БИРОПРОЕКТ – дизајнер
на адинговиот штанд, беа
присутни и КОНТИ ХИДРОПЛАСТ
д.о.о.е.л. – Гевгелија, БИМ а.д. -
Св. Николе, ИНТЕГРА – Скопје,
КРИН КГ – Прилеп и УРБАН ИНВЕСТ
Лтд – Скопје.

 

Саемот свечено го отвори
министерот за инфраструктура
во владата на Република
Србија Милутин Мркоњиќ, кој
нагласи дека со овој саем Србија
покажува дека е отворена земја
и едно големо градилиште со 1,5
милиони квадратни метри станбен
и деловен простор за кои заинтересирани
за финансирање се
поголем број меѓународни банки и
институции.

saem-belgrad.jpgВо седумте изложбени
хали беа застапени речиси сите
области од градежната дејност,
почнувајќи од најсовремени
градежни материјали, опрема,
алати и градежни машини, преку
иновации во проектирањето и
водењето на проектите, до најактуелни
системи за градење,
уредување и одржување на објектите, адаптација, реконструкција
и реставрација, опремање на
внатрешниот простор, како и новитети
од информатичката технологија.
На Саемот за градежништво беа
понудени и новитети од системите
за паметни куќи, предлози за енергетска
ефикасност, термоизолациони
материјали, машини за
обработка на стакло, камен и
профили и сл. Посебен акцент
беше ставен на монтажните
куќи, тулите и кровните
покривачи, бетонската арматура
како и кровните конструкции.
Мотото на овогодинешниот саем
„Градиме лесно” е секако успешно
интерпретирано преку акцентирање
на техничко-технолошките
достигнувања кои с¢ повеќе ја
олеснуваат и осовременуваат
градежната дејност.

Секоја година, традиционално,
на овој саем, свои национални
изложби организираат
повеќе европски држави, а
за прв пат оваа година своја
изложба организираше Кина,
на која учествуваа повеќе од 30
изложувачи.

Престижната награда
„нова визура” која традиционално
се доделува на Саемот за
градежништво беше доделена на
белградската фирма СИМПРО за
„симпролит” – повеќенаменски
монтажно-демонтажен систем
за градење и шабачки ПОЛИМИТ
Б за вградена када зајакната со
екополиуретан. Истото признание
го доби бугарската фирма ИЗОМАКС
за производот „хидротоп 3 во
1” – топлотно-хидро-звучна изолација
и британската компанија
ЈЦБ за комбинираната градежна
машина за природна прозорска
вентилација „дуко”.

Вања ДОНЧЕВА дипл.инж.арх

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top