Насловна / Дневни Вести / Водно, Сарај и Матка во еден заштитен појас

Водно, Сарај и Матка во еден заштитен појас

За трите природни подрачја, Водно, Сарај и Матка, како заштитен коридор во иднина ќе се грижи еден управител. Ваква одлука донесе Советот на Град Скопје на последната седница, со која предложи Министерството за животна средина и за просторно планирање како надлежно да спроведе постапка за прогласување еколошки заштитен појас Водно.

Воспоставувањето на оваа заштитна зона е со цел да се овозможи поефективно зачувување на природата. 

 

Според секторот за животна средина при Градот, во пределите на Водно и на Матка се зачувани природни или полуприродни екосистеми. Во одлуката на Градот се вели дека управителот што ќе биде одреден за управување со локалитетите, по нивната презаштита, ќе биде должен да се грижи и да презема мерки во заштитната зона за да се намалат заканите за природните подрачја.

Испрати коментар

Scroll To Top