Насловна / Вести / Key Energy 2022: Саем и конференција во Римини, Италија

Key Energy 2022: Саем и конференција во Римини, Италија

Key Energy е меѓународен саем и конференција на која се претставуваат технологии, услуги и интегрирани решенија кои ја промовираат и забрзуваат транзицијата кон јаглеродно неутрална технологија – главната цел на Зелениот договор, стратешкиот план на ЕУ за одржлив развој. Тоа е сеопфатен настан кој ги вклучува обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, енергетската ефикасност, одржливата мобилност и паметните мрежи. Key Energy не се само саемска изложба, туку и прилика за размена на искуства и знаења помеѓу енергетските стручњаци од различни области.

keyenergy1

Програмата на конференцијата и работилниците се во организација на Научниот комитет и ги вклучуваат сите релевантни институции и индустриски здруженија, како и технички/научни и граѓански организации. Саемот боваа година ќе се одржи во периодот од 8-ми до 11-ти ноември 2022 година, во Rimini Expo центарот во Римини, Италија.

keyenergy2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top