Насловна / Вести / Седумдецениски квалитет во високоградбата

Седумдецениски квалитет во високоградбата

Гранит е најголемата градежна компанија во Северна Македонија, која работи на интернационалниот пазар веќе 69 години. Гранит растеше и созреваше како компанија во текот на годините, секогаш играјќи важна улога во економијата на Северна Македонија и нејзиниот развој, а се вбројува и меѓу најголемите работодавци од приватниот сектор.

Clip_resize

Името на Гранит се поврзува со повеќето комплексни, предизвикувачки и импресивни инженерски проекти, имајќи предвид дека има изградено над 1 000 km автопати, преку 7 000 km патишта и околу 3 000 мостови. Гранит градел и аеродроми како оние во Ирак, Кувајт, Алжир, Босна и Херцеговина, Албанија, а ги изгради и двата главни аеродроми во Северна Македонија, во Скопје и во Охрид, хидроелектрични централи, како и илјадници училишта, индустриски објекти и станбени згради.

IMG-3123_resize

Оваа година која ќе остане запаметена по рекордно високите цени на станбениот простор, Гранит ја започна продажбата на станбениот простор во станбено-деловниот објект во скопската населба Маџари.

Локацијата на објектот е на само 20 минути оддалеченост од центарот на Скопје, на 12 минути од Меѓународниот аеродром и на помалку од минута оддалеченост од влезот на регионалниот пат Скопје – Куманово.

Објектот е проектиран и изграден согласно најновите стандарди за квалитет и од материјали кои обезбедуваат енергетска ефикасност, притоа овозможувајќи пријатно и комфорно живеење.

IMG_20210122_105607_resize

Располага со подрум во кој се сместени гаражите, приземје, шест ката и поткровје.

Објектот се состои од две ламели, од кои во првата има 63, а во втората 76 стана со различни квадратури и типови, нудејќи дом за сечии потреби, со една, две или со три спални. Сите станови располагаат со тераса.

Зградите се вертикално поврзани со скали и лифтови, по два лифта во секоја од ламелите.

IMG-3124_resize

Во дворот на зградите е предвидено и детско игралиште опремено со модерна и безбедна опрема, каде децата ќе може да го поминуваат слободното време и најважно да се забавуваат.

Во подрумот покрај паркинг за возила, предвиден е и современ и модерен паркинг за велосипеди.

Преградните ѕидови помеѓу становите и кон ходниците се изградени од блок цигла, а меѓу нив има изолација од тервол со дебелина од 10 см, додека преградните ѕидови помеѓу собите се изградени од блок цигла.

Становите имаат големи и комфорни дневни соби со отворен концепт, а располагаат со една, две или со три спални соби, зависно од типот на станот. Дневните соби изобилуваат со сончева светлина и излегуваат на убави пространи тераси.

Со нас сте сигурни дека добивате највисок квалитет за вашиот иден дом по најдобрите цени на пазарот!

За повеќе информации можете да се обратите на тел: +389 2 3218 700.

Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top