Насловна / Архитектура / BIG доби зелено светло за првиот пловечки град во светот

BIG доби зелено светло за првиот пловечки град во светот

Јужнокорејскиот град Бусан, UN-Habitat и Oceanic потпишаа историски договор за изградба на првиот одржлив прототип на пловечки град во светот.

BIG

Проектот за архипелагот Oceanix City е проектиран од архитектонската фирма BIG и првпат беше претставен во 2019 година. Пловечкиот град, кој формира систем на шестоаголни платформи, е проектиран да издржи природни катастрофи како поплави, цунами и урагани, а ќе биде изграден долж брегот на градот Бусан, кој има 3,4 милиони жители, пишува Designboom.

BIG1

“Одржливите пловечки градови се дел од арсеналот на стратегии за климатска адаптација што ни се достапни. Наместо да се бориме со водата, учиме да живееме во хармонија со неа. Со нетрпение очекуваме да развиеме климатски адаптации и решенија засновани на природата преку концептот на пловечки град, а Бусан е идеалниот избор за прототип“, рече извршниот директор на UN-Habitat, Maimunah Mohd Sharif.

BIG2

Имено, околу 40 отсто од светската популација живее на 100 километри од брегот. Како што нивото на морето продолжува да расте, крајбрежните градови се соочуваат со уникатни демографски, еколошки, економски, социјални и просторни предизвици.

BIG3

“Со сложените промени со кои се соочуваат крајбрежните градови, потребна ни е нова визија во која е можно луѓето, природата и технологијата да коегзистираат. Нема подобро место од Бусан да го направи првиот чекор кон одржливи човечки населби на океанот“, рече градоначалникот на Бусан, Парк Хеонг-Џун.

BIG4

Се предвидува дека пловечкиот град првично ќе прими 10 илјади жители, но може да се зголеми со текот на времето, како и бројот на жители, со додавање на модуларни платформи.

Покрај тоа што е отпорен на поплави, градот ќе произведува сопствена храна, енергија и свежа вода со целосно затворен систем на живот без отпад.

“Адитивната архитектура може да расте, да се трансформира и органски да се приспособи со текот на времето, еволуирајќи од популација од 300 во град од 10 илјади жители, со можност за неограничено зголемување за да обезбеди напредни поморски заедници за луѓето кои се грижат едни за други и нашата планета“, рече Бјарке Ингелс во 2019 година, за време на презентацијата на проектот,

“Дури 9 од 10-те најголеми градови во светот ќе бидат изложени на покачување на нивото на морето до 2050 година, така што морето е нашата судбина и тоа би можело да биде нашата иднина“, заклучува Ингелс.

BIG6

Испрати коментар

Scroll To Top