Насловна / Вести / Се враќа стариот начин на патување по Европа

Се враќа стариот начин на патување по Европа

Во 2023 година, патувањата по Европа би можеле да бидат во знакот на возовите со вагони за спиење. Од Стокхолм во Хамбург и од Брисел и Амстердам до Берлин – само се некои од линиите со кои ноќе се превезуваат се повеќе Европјани. Вагоните за спиење стануваат се поактуелни ширум Европа, со бројни нови услуги кои се покренати од минатото лето. Така патниците кои сакаат возови и кои се грижат за животната средина, можат со вагони за спиење да патуваат од Стокхолм до Хамбург, што е овозможено од страна на шведската железничка компанија SJ. Поаѓањето од Стокхолм е секој ден во 17:30, а пристигнува во Хамбург во 6:30. Со овој вид на сообраќај значително се намалува јаглеродниот отпечаток. Летот од Стокхолм до Хамбург доведува до емисии од околу 250 kg јаглерод диоксид по патник, според податоците на сајтот EcoPassenger. Наспроти тоа, CO2 кој се ослободува во текот на патувањето со воз изнесува само 26 kg.

nighttrain1

Ноќниот воз на SJ има девет вагони и може да превезе 400 патници. Новата услуга ја предложила шведската влада со цел на го намали влијанието врз животната средина кое го предизвикува сообраќајот. Возот користи обновливи извори на енергија, а обично го користат Швеѓаните кои потоа од Хмабург користат други железнички услуги.

nighttrain3

Претходно оваа година беше најавена линијата на белгиско – холандската железничка компанија European Sleeper, која сообраќа ноќе од Брисел и Амстердам до Берлин. European Sleeper планира од следната година да ја продолжи својата рута до Прага. Од француската компанија Midnight Trains, која исто така има ноќни линии, велат дека сакаат „повторно да го разбудат магичното искуство на ноќното возење“ кога ќе ги стартуваат своите први луксузни услуги од Париз 2024 година.  Целта им е да имаат повеќе од 10 дестинации, вклучувајќи ги Рим, Порто и Единбург и тврдат дека возовите ќе им бидат како „хотели на шини“ кои ќе го имаат славниот шарм на 20-тите години. Во меѓувреме сервисот Nightjet кој е во сопственост на австриските железници, ќе започне со ноќни линии Брисел – Виена и Париз – Виена, три пати неделно.

nighttrains2

Иако денес патувањето со воз може некогаш да биде поскапо од летањето, сепак многумина ја бираат железницата. Ако порано главната причина за патување со воз била стравот од летање или пак луѓето просто ги сакале возовите, денес многумина сакаат да го намалат својот јаглероден отпечаток.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top