Насловна / Вести / Се уредуваат зелените површини во охридските села

Се уредуваат зелените површини во охридските села

ureduvanje na ohridki sella

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатите неколку дена го уредуваа зеленилото покрај коловизните ленти и пристапните патеки во неколку охридски села.
Од претпријатието информираат дека во понеделникот била искосена високата трева околу патот кој води до село Вапила, а во текот на вчерашниот и денешниот ден се уредувале пристапните патишта во селата Велгошти, Долно и Горно Лакочереј.
Според работниот календар со оваа активност, во наредните неколку дена ќе бидат опфатени и селата Косел, Лескоец и Орман.

Испрати коментар

Scroll To Top