Насловна / Вести / Во општина Могила ќе се прават нови детски паркови

Во општина Могила ќе се прават нови детски паркови

parkovi vo mogila

Општина Могила ќе прави нови паркови за децата што живеат во места кои никогаш немале вакво инфраструктурно уредување. Освен нови детски паркови, се работи и на други проекти.
„Со помош на агенцијата за финансиска поддршка асфалтиравме улици во должина од еден километар, а тоа се направи во Ивањевци, Мусинци и Ношпал. Продолжуваме и со оние детски паркови од кои во минатата година направивме 11, а ни останаа уште седум од осум населени места кои  немаат такви забавни паркови. Кога ќе видат децата од други населени места дека ги има, ги посакуваат и кај нив”, изјави Стево Пивковски, градоначалник на oпштина Могила.
Крајот на минатата и почетокот на оваа година изготвиле проекти за улици во сите населени места во општината. Работата се пролонгирала бидејќи немале урбанистички план.

Испрати коментар

Scroll To Top