Насловна / Вести / Започна санацијата на свлечиштето на Пелистер

Започна санацијата на свлечиштето на Пелистер

svleciste vo pelister

По четири години започна да се санира свлечиштето на патот кон Пелистер. Градежните работи на терен веќе се изведуваат од страна на „Гранит“, а од Агенцијата за патишта ја потврдија информацијата, како што објави битолски „Орбис.“
Започна санацијата на свлечиштето на патниот правец кон националниот парк Пелистер. Нашата камера денес на терен ги регистрираше градежните активности со кои се санира свлечиштето од страна на екипите на градежното претпријатие Гранит. Од Агенцијата за патишта која е надлежна за санацијата на свлечиштето, ја потврдија информацијата дека на терен се отпочнати активностите за санација и деновиве активно ќе се работи на овој патен правец. Свлечиштето се појави кон крајот на 2010 година и претставуваше опасност за сите кои го користеа патниот правец кон хотелот Молика, детското одморалиште, или пак вљубениците во планината кои често пати рекреативно го посетуваат овој национален парк.
Свлечиштето всушност, е пукнатина од триесетина метри која се наоѓа на потегот од селото Трново кон Детското одморалиште. Овој пат е единствениот до хотелите и до сместувачките капацитети на Пелистер. Од Агенцијата за патишта најавија дека наскоро поопширно ќе се изјаснат околу деталите за санација на свлечиштето на Пелистер.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top