Насловна / Архитектура / ЅОМ развива мастер план за редизајнирање на околината на пирамидите во Гиза

ЅОМ развива мастер план за редизајнирање на околината на пирамидите во Гиза

Британското биро Skidmore, Owings & Merrill (SOM) и Raafat Miller Consulting (RMC) со седиште во Египет избрани се за проект за редизајнирање на околината на едно од Седумте светски чуда, историските пирамиди и Сфингата во Каиро на платото Гиза.

ЅОМ ќе биде водечки проектант на концептот, дизајнот и мастер планот на проектот, кој ќе вклучува трансформација на постоечките изложбени објекти во искуство за посетители од светска класа, со програма која обезбедува мерки за заштита на животната средина и зачувување на околината.

3

Реконструкција во согласност со важноста на локацијата

Sound & Light Show на историското место на светското наследство на УНЕСКО, ќе ги воведува посетителите преку порта во Стариот Египет, носејќи ги на патување кое се враќа илјадници години наназад за да дознаат повеќе за фараоните и мистериите на изградбата на пирамидите.

Редизајнот на легендарниот археолошки локалитет има за цел да биде во согласност со историското значење на локалитетот и неговата древна и единствена култура и да го трансформира искуството на посетителите во нешто што е контекстуално порелевантно и понезаборавно.

2

Со подобрување на услугите што им се даваат на египетските и странските посетители во рамките на локацијата и со користење на првокласна експертиза и најсовремени технологии за развој на локацијата и програмата Sound & Light, проектот ќе придонесе за промоција на туризмот во регионот, следејќи ги напорите на египетската влада за развој и унапредување на туристичките дестинации, со посебен акцент на пирамидите.

„Посетата на Гиза е ретко, трансформативно искуство кое нуди увид во векови на човековата историја. Како едно од седумте светски чуда, Гиза пречекува милиони луѓе секоја година; при повторното осмислување на искуството, наш приоритет е да ја почитуваме и зачуваме нејзината историја и да создадеме одржлива иднина за светското наследство на УНЕСКО“, изјави Крис Купер, партнер во ЅОМ, за ArchDaily.

4

Изглед на Големиот египетски музеј

Изложбен простор од 24.000 квадратни метри

Во согласност со напорите на египетската влада за развој и подобрување на туристичките дестинации, долгоочекуваниот Голем египетски музеј кој е во потполност посветен на египтологијата и два километри оддалечен од пирамидите, се очекува да биде отворен овој ноември.

Проектиран од ирската архитектонска фирма Heneghan Peng, проектот се смета за најголем музеј во светот посветен само на една цивилизација.

1

Се очекува да биде отворен во ноември

Културниот комплекс ќе содржи околу 100.000 артефакти и ќе опфаќа 24.000 квадратни метри постојан изложбен простор, детски музеј, конференциски сали, едукативни простори, конзерваторски центар и големи градини во и околу музејот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top