Насловна / Вести / Saudi Aramco повторно највредна компанија на светот

Saudi Aramco повторно највредна компанија на светот

Нафтениот гигант Saudi Aramco го престигна Apple и повторно стана највредна компанија на светот, благодарение на растот на акциите поттикнат од високите цени на нафтата. Aramco сега вреди 2.430 милијарди долари, во однос на пазарната капитализација од 2.370 милијарди долари на Apple.

saudi1

saudi2

Титулата „највредна светска компанија“, Aramco ја стекна после историската иницијална јавна понуда во 2019 година, која ја подигна вредноста на компанијата на 2.000 милијарди долари. Најновите пазарни движења упатуваат на заклучокот дека во последно време дошло до промени во согледувањето на деловните шанси на производителите на енергија и технолошките компании. Оваа година цените на нафтата достигнаа рекордни нивоа, посебно по почетокот на војната во Украина. Тоа ги покрена инвеститорите да се свртат кон вложувања во нафтениот сектор. Така акциите на Saudi Aramco, во 2022 година пораснале за 22%. Од друга страна, акциите на Applе забележале пад за повеќе од 17%, во периодот од 17-ти јануари до денес.

saudi3

Испрати коментар

Scroll To Top