Насловна / Вести / Сателитскиот интернет Starlink достапен во 32 земји – регионот сеуште на чекање

Сателитскиот интернет Starlink достапен во 32 земји – регионот сеуште на чекање

Сателитскиот интернет Starlink на компанијата SpaceX, сега е достапен во 32 земји во светот. Хрватска е веќе меѓу земјите во кои оваа услуга е достапна, додека Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Косово се на листата на чекање.  Starlink е во функција од минатата година, при што во септември 2021 година бил достапен во 12 земји, а во февруари годинава во 25.

starlink1

starlink2

Во твитот на Илон Маск на кој се наоѓа мапата на покриеност со Starlink, со светло сина боја се означени земјите во кои тој е достапен, нешто потемни се земјите на „листата на чекање“, додека темно сината боја ги означува земјите во кој тој ќе биде достапен „наскоро“. Приоритет за SpaceX се оддалечените области кои немаат друг начин на поврзување со интернет. Овој проект е следен од контроверзи, бидејќи астрономите се жалат дека илјадниците негови сателити ги попречуваат опсервациите со телескопи, а неодамна 4о сателити се загубени во геомагнетна бура. Дозволата за операциите на Starlink е привремено укината во Франција.

starlink3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top