Насловна / Арт и дизајн / Samsung ја претстави новата колекција паметни часовници Galaxy Watch4

Samsung ја претстави новата колекција паметни часовници Galaxy Watch4

Покрај новите паметни телефони Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3, Samsung  ја претстави и најновата генерација на паметни часовници Galaxy Watch4 и Galaxy Watch4 Classic. Новите паметни часовници се опремени со Wear OS оперативен систем, создаден со заедничка соработка на компаниите Samsung и Google. Galaxy Watch4 и Galaxy Watch4 Classic исто така носат и појаки хардверски перформанси.

galaxy watch1

Samsung Galaxy Watch4 е опремен со „три во еден“ сензор BioActive кој користи само еден чип за истовремено покренување на три моќни health сензори за – Optical Heart Rate, Electrical Heart и Bioelectrical Impedance Analysis. Овие паметни часовници се опремени со цела низа опции за следење на дневните активности. Корисниците исто така имаат на избор широк асортиман на тренинзи и групни предизвици за семејството и пријателите. Постојат и бројни можности за организација на домашни теретани, со спојување на Galaxy Watch4 на некои од Samsung паметните телевизори. Така корисниците на својот телевизор можат да добијат приказ на бројот на калории и отчукувања на срцето за полесно следење во текот на вежбањето. Понатаму, часовникот нуди досега најкомплетни можности за следење на спиењето – го следат ‘рчењето, нивото на кислород во крвта и сл.  Со One UI Watch, компатибилните апликации автоматски се инсталираат на Galaxy Watch4 кога ќе се превземат на телефонот, а подесувањата на корисникот како што се забрана за вознемирување и блокираните контакти, исто така се синхронизираат во истиот момент.

galaxy watch2

 

Тука е и опцијата Auto Switch која се грижи за тоа звукот на слушалките секогаш да се прилагодува на телефонот и часовникот, во зависност од употребата. Galaxy Watch4 серијата е првата генерација на паметни часовници која е опремена со Samsung Wear OS платформа. Развиена од страна на Samsung и Google, оваа платформа на корисниците им овозможува пристап до бројни апликации како Google Maps и Galaxy услуги како Samsung Pay и Bixby. Новата платформа исто така вклучува и поддршка за апликациите на трети страни, како што се Adidas Running, Calm, Strava и Spotify. Galaxy Watch4 серијата во себе го има првиот 5nm процесор во некој  Galaxy Watch уред, кој носи 20% поголема брзина, велат во  Samsung. Новите паметни часовници се опремени и со 50% повеќе RAM  и графичка картичка со речиси 10 пати поголема брзина од претходната генерација.  Корисниците на Galaxy Watch4 паметните часовници, ќе имаат на располагање околу 40 часови траење на батеријата.

galaxy watch3

Испрати коментар

Scroll To Top