Насловна / Архитектура / Лука Дончиќ има луксузна, но истовремено и одржлива куќа во Далас

Лука Дончиќ има луксузна, но истовремено и одржлива куќа во Далас

Неверојатниот 22 годишен словенечки кошаркар, еден од најдобрите играчи на денешницата Лука Дончиќ, кој го продолжи договорот со Dallas Mavericks на пет години за 202 милиони УСД, е апсолутна ѕвезда во Далас. Во Тексас се толку опседнати со него, што размислуваат да му дадат и улица во Далас. Од друга страна, младиот словенец го обожава овој град, па таму купил и раскошна куќа. Станува збор за куќа со базен која кошаркарот ја купил за 2,7 милиони УСД на крајот на 2020 година. Вилата се наоѓа во богат кварт под името Preston Hollow. Има пет бањи и четири спални. Луксузната вила е изградена од страна на архитектот модернист Hardy McCullah во 1984 година. Подоцна е надоградена од страна на John Huffman од JH Design and Build, а надворешниот дел на куќата ја има истата бела тула. Најголемиот дел од станбениот простор се наоѓа на приземјето. Огромните прозорци овозможуваат максимална природна светлина. Имплементиран е системот на паметна куќа Control4.

LDhouse2

LDhouse3

LDhouse6

LDhouse7

LDhouse8

Испрати коментар

Scroll To Top