Насловна / Вести / Само една фабрика ја произведува целокупната светска залиха на редок земен метал и се наоѓа во Кина

Само една фабрика ја произведува целокупната светска залиха на редок земен метал и се наоѓа во Кина

САД се свесни за зависноста од кинеските ретки земни елементи уште од 2010 година, но ниту во последните петнаесетина години не успеале да изградат алтернативно решение. Кина преработува 99% од светскиот диспорозиум, вид на редок земен метал кој се користи во чиповите, со цел да се зачува магнетската стабилност, дури и кога чиповите ќе се загреат.

Откако кинеската влада го ограничи извозот на ретки земни елементи и производите поврзани со нив, весникот New York Times објави дека овие нови правила може да ги срушат синџирите на снабдување на некои од најголемите светски компании, меѓу кои се Nvidia и Apple. Ретките земни метали се неопходни за производство на многу чипови кои се користат во разни области – од паметни телефони до системи за вештачка интелигенција. Ретките земни метали исто така се користат за изработка на магнети за електро мотори на дронови, фабрички роботи и офшор ветерни електрани, како и за разни системи кај автомобилите. Притоа, Кина го преработува целиот светски самариум, редок земен метал, кој САД го користат за производство на авионите ловци F-35 и широк спектар на ракети.

Весникот ја пренесува изјавата на Џими Гудрич, постар соработник на Институтот за глобални конфликти и соработка на Универзитетот Калифорнија, кој рекол дека „Кина игра жестоко“, и дека овој потег на Пекинг “може да овозможи целосна контрола на глобалниот синџир на снабдување за вештачка интелигенција и современа електроника“. New York Times истакнува дека САД биле свесни за својата ранливост по прашањето на ретките земни елементи уште во 2010 година, кога Кина вовела двомесечна забрана за извоз на ретките земни метали во Јапонија.

Испрати коментар

Scroll To Top