Насловна / Вести / Самит во Атина и Загреб за искористување на пазарниот потенцијал на соларната енергија

Самит во Атина и Загреб за искористување на пазарниот потенцијал на соларната енергија

Претставниците на водечките компании и професионалци од секторот на соларна енергија, ќе се соберат на два самити есенва – во Атина и во Загреб, со цел да разговараат за можностите за поттикнување на развојот на пазарот на соларни системи на Балканот. Двата меѓународни настани, кои ги организира Solarplaza International, ќе биде добра прилика за учесниците да воспостават нови деловни контакти, како и да ги понудат своите решенија во оваа област.

соларплазагрееце

Solarplaza International е компанија од Холандија во која работат млади професионалци од областа ан соларната енергија. Од 2004 година, има организирано 195 настани во 64 градови, во 44 земји на шест континенти. Четвртиот по ред  Solarplaza Summit Greece, кој се одржува во Атина на 15-ти ноември, ќе собере експерти, претставници ан локални компании и меѓународни инвеститори, со цел анализа на предизвиците и можностите на овој растечки пазар во Грција. Во 2021 година, Грција имала 838 MW нови соларни проекти, а вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија од Сонцето оваа година би требало да надмине 5 GW. Грчкиот енергетски пазар исто така ќе добие и поддршка од програмата на Европската комисија која планира две милијарди евра за финансирање на производството на енергија од обновливи извори.  Меѓутоа, за да се реализира овој огромен потенцијал, грчката индустрија на соларна енергија мора да ги реши проблемите поврзани со преоптоварување на мрежата, комплицираните процедури и прописи во областа на издавањето дозволи, но и глобалните трендови како што се растот на цените на електричната енергија и проблемите во синџирите на снабдување. Другите теми на програмата на овој самит, опфаќаат детална анализа на грчкиот систем, главните предизвици во развојот на проектите, промените на државните политики кои влијаат на секторот, како и најавената законодавна рамка за складирање на енергија.

solarplaza1

Балканскиот самит под името Solarplaza Summit Balkans, кој ќе се одржи на 8-ми декември во Загреб, во фокусот ќе го стави огромниот потенцијал на обновливите извори на енергија во регионот. Имено, на Балканот во блиска иднина се предвидува вртоглав раст на соларните капацитети. Во регионот веќе има речиси 2 GW инсталирани капацитети и над 26 GW реален потенцијал.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top