Насловна / Вести / САД: Прв кварт исклучиво од 3D печатени куќи

САД: Прв кварт исклучиво од 3D печатени куќи

Во американскиот град Rancho Mirage наскоро ќе започне изградбата ан нов кварт во кој сите куќи ќе бидат испечатени. Иако големите 3D печатачи се повеќе се користат во градежништвото, досега не е забележен случај на цел кварт (15 куќи) изграден со оваа технологија. „Ова е актуелизација на нашата визија на иднината на градежништвото“, велат од градежно-технолошката компанија Mighty Buildings, која учествува во овој несекојдневен проект.

3d1

3d2

Предностите од ваквиот начин на изградба, се автоматизација на 80% од градежните работи, односно намалување на бројот на работни часови за дури 95%, како и десет пати помалку отпад во однос на традиционалниот начин на градба. Деловите за куќите ќе се печатат во големо складиште со користење на масивни 3D печатачи со големина на една гаража. Капацитетите на компанијата овозможуваат изработка на една куќа за само 24 часа. Од Mighty Buildingsa велат дека повеќе главоболки им создава транспортот на отпечатените делови, отколку можностите на печатачите.

3d3

Куќите кои ќе се градат и поставуваат во Rancho Mirage, ќе имаат два дела. Еден ќе се состои од три соби и две бањи, додека другиот дел ќе има уште две соби и една бања. Освен куќите, секоја парцела во тој кварт ќе има и базен во дворот. Цената ќе се движи од 595000 до 950000 УСД во зависност од конфигурацијата.

Според британски Guardian, токму 3D печатењето би можело да биде решение за калифорниската криза на пазарот на недвижности, бидејќи стручњаците предвидуваат дека поради очекуваното зголемување на бројот на жители на тоа подрачје , до 2025 година потребно е да се понудат помеѓу 1,8 и 3,5 милиони нови станбени единици.

3d5

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top