Насловна / Вести / 10 работи на кои не треба да трошите пари при уредување на ентериерот

10 работи на кои не треба да трошите пари при уредување на ентериерот

Дизајнерите на ентериер воглавном советуваат што да се купи за да изгледа станот поубаво, но поретко кажуваат за што не треба да трошите пари.

Прекривки за гарнитурите за седење, кратки завеси, еден куп чаши во витрини – сето тоа се грешки што не само што го прават ентериерот помалку привлечен, туку и го оптоваруваат просторот за живеење.

1. Прекривачи за гарнитура за седење и фотелја

prek_resize

Не, никако! Ако ви изгледа дека така ќе ја заштитите гарнитурата од оштетување или валкање, можеби е подобро да го заштитите својот добар вкус, така што ова нема да го правите.

4. Стаклени ТВ полици

0_resize

Металните држачи за телевизори со стаклени елементи никогаш не изгледаат добро и затоа никогаш нема да ги видите во добар ентериер. Повеќе метал и стакло покрај телевизорот, кој  дефинитивно е направен од тие два материјала, нема да изгледа добро. Многу подобра опција е да изберете држач за ТВ што виси на ѕид или дрвена комбинација која е сразмерна на големината на телевизорот.

3. Голем телевизор

tv2_resize

Купивте ултра модерен модел телевизор, но тој апсолутно не се вклопува во вашата дневна соба и изгледа дека не припаѓа на останатите елементи во дневната соба. Се издвојува, но на ниту еден позитивен начин, тој не треба да биде најзначајниот елемент во ентериерот. За жал, ова може да се случи многу често.

4. Мебел во комбинација од три или повеќе материјали

sofa_resize

Заобиколувајте во широк лак! Значи, софа со дрвен потпирач за раце и детали од инокс дефинитивно не се добра комбинација. Иако ќе ве привлече неговиот сјај, подобро веднаш да го заборавите! Истиот случај е со масичка или трпезариска маса изработена од три или повеќе материјали.

5. Софи со екстремно шарени текстури

сарено_resize

Софа која може да се направи кревет да, но не и ако е покриена со толку шарена ткаенина што дури и кога ќе истурите кафе, дамката останува незабележлива.

6. Кратки завеси

zavesi_resize

Слободно, оставете ги завесите да паѓаат над радијаторот, така што прозорците ќе изгледаат и визуелно поголеми. Ако тоа не е можно, на пример, кога има работна маса под прозорецот, користете пакет завеса наместо класичните завеси.

7. Витрини со чаши и тањири

вв_resize

На чашите и тањирите им е место во кујната. Но, ако сепак немате доволно простор, можат да се сместат во некоја комода во дневната соба, но таа треба да биде затворена со нетранспарентни врати,  бидејќи приборот имаат своја примена и функција, не служат да бидат поставени во излог како предмети со уметничка вредност.

9. Мебел за детска соба во интензивни бои

kiti_resize

Не користете разнобоен мебел во детската соба целиот подреден на детски играчки. Тој ќе биде интересен за детето, но и за вас, само неколку месеци или некоја година. Детето брзо ќе порасне, неговите потреби и сфаќања брзо се менуваат, а во комбинација со шарени играчки, целата соба ќе изгледа како саем. Препорачливо е да користите еднобоен или мебел во неутрални тонови и да си играте со ентериерот со интересни детали, како би му одговарал на детео и кога ќе биде повозрасно.

10. Излитени графики

ајфел_resize

Ако ви треба нешто за да ставите на вашите ѕидови во дневната соба, избегнувајте печатени слики без емотивна врска со градот што се наоѓа на нив. Биг Бен или Ајфеловата кула нема да изгледаат добро. Доколку не сте во можност да ставите уметнички слики, можете да испечатите убави фотографии или да закачите порцелански тањир што сте го наследиле од вашата баба или ако ви сметаат празни ѕидови едноставно лепете тапети.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top