Насловна / Вести / Аеродромот Schwechat во Виена станува климатски неутрален

Аеродромот Schwechat во Виена станува климатски неутрален

Аеродромот Schwechat во Виена, продолжува да спроведува мерки со кои настојува да ги ублажи климатските промени. Неодамна е најавено дека на подрачјето на овој аеродром ќе се изгради најголемата соларна електрана во Aвстрија. Постројката ќе се состои од осум целини и ќе има вкупна инсталирана моќност од 24 MW. Ќе се простира на површина од околу 24 хектари, што е еднакво на површината на 48 фудбалски игралишта.

airportvienna1

airportvienna2

Овој аеродром започнал со искористување на соларната енергија уште во 2016 година, и досега веќе има пет соларни електрани. Новата електрана треба да започне да се гради наскоро, а во погон ќе биде пуштена во летото 2022 година. Но, овој аеродром спроведува и многу други мерки со цел постигнување на климатска неутралност. Се користи исклучиво енергетски ефикасно осветлување, а флотата на електрични возила веќе брои 380. Покрај тоа, новата деловна зграда Vienna Airport Office Park 4 користи геотермална енергија и веќе неколку пати е прогласувана за најодржлива деловна зграда во Австрија. Поради сето тоа, аеродромот Schwechat во последните неколку години бележи намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 70%, како и намалување на птрошувачката на енергија за над 40%. Се очекува наскоро да стане првиот „зелен“ аеродром во Европа, а за неколку години да постигне и климатска неутралност.

airportvienna3

airportvienna4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top