Насловна / Вести / RWE го развива првиот хибриден соларен парк во своето портфолио

RWE го развива првиот хибриден соларен парк во своето портфолио

„Соларната електрана и системот за складирање на енергија, распоредени на местото на површинскиот рудник за лигнит во Германија, речиси се подготвени за пуштање во работа, соопштуваат од германскиот енергетски гигант RWE. Хибридниот проект во рудникот за лигнит во Дурен, во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија, ќе биде поврзан на мрежа ова лето. Тоа ќе биде првиот проект на RWE во Европа кој вклучува хибрид на соларната енергија и батериското складирање, со 14,4 MW производен капацитет и 4,8 MW/9,6 MWh батерии.

rwe1

rwe2

Ваквиот концепт ќе се користи со цел произведената енергија непречено да се пласира во електроенергетската мрежа. Германија мора да ги затвори своите рудници за лигнит, за да ги исполни своите климатски цели. Конкретниот рудник во близина на Дурен, има рок за затворање до 2029 година, по што потребни се околу две децении новозоздаденото езеро да доминира со пејсажот. Во меѓувреме, хибридната електрана ќе допринесе за непречено снабдување со „чиста“ енергија.

rwe3

Испрати коментар

Scroll To Top