Насловна / Вести / Русија ќе снима игран филм во вселената

Русија ќе снима игран филм во вселената

Руски екипаж составен од двајца космонаути и двајца филмски професионалци, на почетокот на идниот месец ќе полетаат кон Меѓународната вселенска станица (ISS), со цел да го снимаат првиот филм во вселената. Лансирањето на оваа четворка е закажано за 5-ти октомври. Ова лансирање следува само три недели откако SpaceX  го испрати во вселената првиот цивилен екипаж во тридневна мисија. Затоа, многумина веруваат дека сме сведоци на продолжение на децениското натпреварување помеѓу Русија и САД во освојувањето на вселената. „Во овој филм, дејството се одвива околу една лекарка која нема никаква врска со истражувањето на вселената, ниту пак некогаш размислувала за тоа. Таа ќе се најде во прилика да оди на ISS со цел да оперира еден космонаут, премногу болен за да се траспортира назад на Земјата. Лекарката ќе му го спаси животот“, им открил на новинарите режисерот и глумец Клим Шипенко (37) пред да замине на космодромот Бајконур во Казахстан за да се подготвува за лансирањето. Во филмот ќе бидат пркажани и проефесионални космонаути како составен дел на екипажот. Работниот наслов на драмата е „Предизвик“ (, а главната улога ја има Јулија Пересилд (36), која морала претходно да научи самата да биде и шминкерка и костимограф за потребите на филмот.

filminspace1

filminspace2

firstinspace3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top