Електраните во Симферопол и Севастопол на Крим, кои ги изгради рускиот државен конгломерат „Ростек“, започнаа со работа вчера, 18ти март. Руската компанија „Технопоромекспорт“ поврзана со „Ростек“, започна изградба на две гасни електрани на Крим, веднаш по вонредната состојба објавена во ноември 2015. Тогаш мрак го покри целиот регион, откако четири украински далноводи се дигнати во воздух. Изградбата на двете електрани со вкупен инсталиран капацитет од 940 MW чинела 1,1 милијарди УСД. Во постројките се инсталирани турбини на Siemens.





Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија