Насловна / Вести / Рушењето на стадионот „Маракана“ во Белград се поизвесно

Рушењето на стадионот „Маракана“ во Белград се поизвесно

Стадионот „Рајко Митиќ“ попознат како „Маракана“, годинава полни 60 години. Но, клубот „Цевена звезда“ планира изградба на нов стадион, па стариот ќе биде срушен. Во изминатите години, анализирани се бројни проекти, а за најдоброто избрано решение генералниот директор Терзиќ зборувал пред околу два месеци гостувајќи на Економскиот факултет во Белград.

„Би сакале новиот стадион да биде околу 300-400 метри посеверно, поради инфраструктурата и избегнување на гужвите во сообраќајот. Сведоци сме дека сите клубови кои направија нови стадиони, ја зголемија продажбата на сезонски билети за три или четири пати“, рекол Терзиќ додавајќи дека новиот стадион ќе има помал капацитет.

CZ1

„Стадиони со атлетска патека веќе не се прават никаде во светот. Тоа веќе не е одржливо решение. Максималниот капацотет на новиот стадион ќе биде околу 42.000 места, а инвестицијата ќе чини помеѓу 100 и 120 милиони евра. Изградбата би требало да трае три до четири години“, истакнал Терзиќ.

Во 2019 година, објавен беше конкурс за реконструкција на „Маракана“, на кој се наградени три решенија. Но, оваа идеја за реконструкција се чини ќе остане само на проектно решение.

cz2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top