Насловна / Вести / Романија и Бугарија договорија изградба на две хидроцентрали на Дунав

Романија и Бугарија договорија изградба на две хидроцентрали на Дунав

Романија и Бугарија се договорија за изградба на два хидроенергетски проекти на Дунав. Двете држави би требало да потпишат меморандум за соработка на заеднички проекти наредниот месец. Романската државна компанија Hidroelectrica ќе биде главен изведувач на двата проекти на Дунав. Проценето е дека овие две хидроцентрали би можела да трае пет до шест години. Првата електрана (на романска територија Турну – Магуреле – Никопол) ќе има капацитет од 840MW, a за овој проект веќе се изработени физибилити студии. Втората, со идентична моќност ќе биде изградена во близина на Силистра во Бугарија, а за оваа електрана физибилити студијата е во фаза на изработка.

danubehpp1

Електричната енергија од идните енергетски постројки на двете соседни земји, ќе се користи по примерот на хидроцентралите на Ѓердап, со кои заеднички управуваат Романија и Србија. Првите студии за објектот Турну – Магуреле – Никопол датираат уште од 60-тите години на минатиот век, а првата спогодба помеѓу Романија и Бугарија е потпишан уште во 1975 година. Проектот за оваа хидроцентрала со децении бил на чекање, бидејќи бугарската страна досега не покажала спремност за вклучување во овој проект. Хидроенергетскиот систем опфаќа две идентични хидроцентрали според опрема и моќност, од кои една е на бугарска а една на романска територија. Планирана е и изградба на два моста преку браните во овој комплекс.

danubehpp2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top