Насловна / Архитектура / Рурална куќа спакувана во камен, cor-ten челик и стакло

Рурална куќа спакувана во камен, cor-ten челик и стакло

На периферијата на едно село во англиската област Норфолк, архитектонското биро Hudson Architects изградило објект наречен Coast House со примарно комбинирање камен, cor-ten челик и стакло.

8_resize

Така, местото на поранешна селска куќа од 1920-тите го зазеде архитектура која го почитува својот контекст, но секако и дава личен печат на околината.

2_resize

Скулптура во рурална средина

Куќата всушност е поделена на три посебни дела – централен павилјон со стаклени ѕидови, кој е опкружен со крило од камен и крило обвиткано со cor-ten челик.

н_resize

„Крајбрежната куќа е замислена како скулптура во својата околина, со поглед на широката долина, лежејќи на работ на селото во северен Норфолк. Куќата е еднокатна, што и овозможува да биде поставена ниско на локацијата. Не доминира во околината, но со своето присуство ја прави интригантна ако ја забележите додека поминувате овде“, изјави за Dezeen основачот на архитектонското биро од Норич, Ентони Хадсон.

9_resize

Каменот е избран за да им оддаде почит на традиционалните градежни материјали користени за изградба на блиската црква од 15 век, додека cor-ten челикот е избран за да и даде на куќата современ изглед.

10_resize

„Користевме современ асортиман на материјали кои би создале респектабилен, но модерен додаток на селото. Каменот е традиционален локален материјал, па затоа се користи и се почитува овде, а од друга страна cor-ten челикот е непогрешливо модерен материјал, но добро функционира во опкружувањето, бидејќи неговите богати тонови одекнуваат со црвената боја на постарите блиски згради изградени од норфолкшка црвена тула и глинени керамиди“, додава Хадсон.

11_resize

Централниот павилјон содржи кујна, трпезарија и дневна соба и овој дел има многу природна светлина благодарение на стаклените ѕидови.

Павилјонот од две страни е опкружен со крило обложено со cor-ten, а тука се сместени и удобна работна соба и влезен хол. Ориентирано кон улицата, другото крило е обложено со камен и содржи четири спални соби и бањи.

4_resize

Ѕидовите од камен се поставуваат паралелно со границата на парцелата и формираат цврста заштитна бариера која ги штити поприватните и затворени делови на куќата.

5_resize

„Обликот на овој елемент е современ ‘crinkle-crackle’ ѕид со луксузен карактер, кој ни овозможува да ги поставиме прозорците на начин што им дава приватност на спалните соби и нивните бањи, како и многу утринска светлина“, објаснува Хадсон.

16_resize

Робустен карактер на јавните содржини

Хадсон додава и дека cor-ten челикот, наспроти тоа, се користи за обложување на главниот влез, како и удобни работни соби со поглед на градината, давајќи им на овие повеќе јавни содржини робустен карактер.

7_resize

Централниот дел на куќата, завиткан од двете страни, благодарение на стаклените ѕидови, има многу светлина и добил можност целосно да се отвори кон големата градинарска тераса.

14_resize

15_resize

17_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top