Насловна / Вести / Барселона се трансформира со помош на „суперблокови“

Барселона се трансформира со помош на „суперблокови“

„Суперблокови“ – тоа е иднината за Барселона. Градот ќе биде позелен, ќе се намали загадувањето и бучавата, а соседите подобро ќе се познаваат и ќе можат да сметаат едни на други. Барселона во 2020 година прогласи вонредна климатска ситуација и тогаш започна со воведување на промени за создавање на одржлив град по мерка на жителите. во овој град нема многу зелени површини, а дополнителен проблем е што процесот на проширување на постојните и создавањето на нови паркови, е прилично сложено поради интензивната урбанизација.

superblocks1

superblocks2

Затоа, целта на „суперблоковите“ е просторот да им се врати на жителите на градот, да се одземе од моторните возила и да се озелени. Идејата е низ градот да имаат предност пешаците и јавниот превоз. Првите чекори од оваа трансформација се веќе направени во квартот Poblenou, во 2016 година, со цел да се види дали овој концепт е изводлив. Воедно, внимателно се набљудувани реакциите на граѓаните. Добиени се доста критики, а граѓаните биле поприлично поделени.  Најзагрижени биле трговците. Но, со вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки, тие стануваат посвесни и поодговорни и сфаќаат дека нивното мислење е важно. Сега „суперблоковите“ имаат поддршка од околу 70% од жителите.

superblock3

superblocks4

Poblenou некогаш бил индустриска зона, а со текот на времето станал технолошки и иновативен кварт во кој раскрсниците се претворени во плоштади. Игралишта за деца, спортски терени, зелени површини и дрвја се наоѓаат на овој простор. Секое слободно катче е искористено за урбани градини, а на зградите се поставени фотонапонски централи и зелени покриви. И сообраќаниците се драстично променети – брзината е ограничена на 10 или 20 километри на час, а за возилата е слободна една лента.  Барселона е прв град на светот во кој е започната оваа промена и примена на новиот систем. Главната идеја е градот да стане подобро место за живот и проектот да се имплементира во целост до 2030 година.

superblocks5

superblocks6

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top