Насловна / Вести / Романија: Проектот за изградба на Трансилванискиот автопат преку Карпатите, „ги исплаши“ понудувачите

Романија: Проектот за изградба на Трансилванискиот автопат преку Карпатите, „ги исплаши“ понудувачите

Пет од шесте компании кој го минаа процесот на квалификација за една милијарда евра вредниот проект за изградба на автопат во регионот Трансилванија, не доставиле понуда. Државната компанија CNAIR (Национална компанија за управување со патната инфраструктура), потврдила дека само една компанија доставила понуда во пропишаниот рок. Станува збор за joint venture помеѓу две компании од Истанбул (Mapa Group и Cengiz Holdings). Во јули, шест компании биле избрани во конкуренција на потенцилајните понудувачи како квалификувани да достават понуди во рок кој бил продолжен на дополнителни три месеци.

autostrada1

autostrada2

Станува збор за изведба на една делница од споменатиот Трансилваниски автопат, кој же го поврзува Букурешт со западната градница на земјата. Предметната делница е долга 122 километри, и ги поврзува градовите Сибиу и Питести, но станува збор за тежок терен. Имено, 31 километар се протега низ планински терен, поточно низ масивот на Карпатите. Тоа ќе биде првиот автопат кој ќе минува низ Карпатите,  а ќе вклучува 49 мостови и виадукти, како и седум тунели.

autostrada3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top