Насловна / Вести / Регионот на Југоисточна Европа допрва треба да го оствари полниот потенцијал на енергетската транзиција

Регионот на Југоисточна Европа допрва треба да го оствари полниот потенцијал на енергетската транзиција

Енергетската транзиција полека напредува и во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), паралелно со намалувањето на трошоците за инвестирање во фотоволтаични и ветерни електрани. Не е многу далеку моментот кога производството на електрична енергија од обновливи извори ќе стане поефтино од производството од фосилни горива, а регионот мора да ја искористи оваа шанса. Ова е меѓу другото истакнато на регионалната работилница „Бенефитите од обновливите извори на енергија: Може ли ЈИЕ да го оствари полниот потенцијал на енергетската транзиција?“, во организација на Меѓународната агенција за обновливи извори на енергија (IRENA) и Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, одржан минатата недела во Сараево.

energa2

Југоисточна Европа никогаш не била на чело на енергетската транзиција, ниту пак во целост го користела својот потенцијал од обновливи извори на енергија (ОИЕ). Владите во регионот досега не ги перцепирале ОИЕ како можност, туку само како обврска која ја наметнуваат ЕУ и Енергетската заедница.

Носителите на одлуки ширум регионот често истакнуваат дека „технологиите на ОИЕ се многу скапи и дека е тешко да се балансира електричната енергија произведена на ваков начин“. Поради недостаток на полиичка волја и визија за одржлив енергетски развој, регионот заостанува зад глобалниот тренд на што поширока примена на одржливи енергетски решенија.

energa3

На регионалната работилница во Сараево и саемот ENERGA, претставени се прелиминарните податоци на студијата која IRENA ќе ја објави подоцна во текот ан годинава. Оваа студија зборува за позитивното и охрабрувачко влијание врз економската мапа на регионот, под услов регионот поодлучно да се сврти кон ОИЕ.

За разлика од вообичаеното сценарио за развој (со фосилни горива), енергетската транзиција со полно користење на капацитетите за  ОИЕ би требало да доведе до отворање на 50.000 нови работни места во ЈИЕ до 2050 година, како и раст на БДП за околу 500 милијарди долари.

energa4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top