Проектиран од архитектонското биро Surber Barber Choate + Hertlein Architects , овој дом наречен House Near Savannah за едно семејство се наоѓа на привлечна локација во Јужна Каролина, САД.

Куќата е сместена на парче сува земја помеѓу рибник и мочуриште, а местото на куќата е опкружено со невообичаено високи и тенки дабови дрвја.

Куќата најпрвин се појавува како сфинга, а над врвот на камените ѕидови поминуваат дрвјата. Влегувајќи во куќата јавните простори стануваат проѕирни со исклучок на полниот ѕид на исток каде е сместен каминот.


Фокусот на куќата е голема и висока соба со ѕидови од стакло кои пружаат поглед на природниот амбиент.

Куќата е изградена така да може грациозно и да старее, па се употребени материјали кои прекрасно патинираат, како кедар, бакар, бетон во форма на даски и камен.

Композицијата на објектот намерено е со геометриски облик, во контраст со органските форми на околната природа и теренот.





Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија