Насловна / Ентериери / Редизајн на мемориски елементи

Редизајн на мемориски елементи

Tile House (7)
Проектот што претставува реализација и дизајн на архитектонското студио Cubus, опфаќа заживување на ентериерот на стар станбен објект во шпанскиот град Џирона. Концептот за реновирање на ентериерот цели кон трансформирање на нејасната примарна дистрибуција на програмата во чиста, хармонична средина.

Tile House (1)
Креирајќи тенок и бел ѕиден периметар (обвивка во која се интегрирани неопходните помошни простории и се вградени кујнските елементи), светлината придонесува за јасната поделба на внатрешноста, визуелно зголемувајќи ја длабочината на различните функционални содржини. Обликувањето на ентериерот го комплетира инклузијата на централно поставена дрвена кутија, во чиј волумен е интегрирана бањата, која како фокусен стожер го стабилизира распоредот на ентериерот и ја дефинира циркулацијата во просторот.
Tile House (8) Tile House (2) Tile House (3) Tile House (5) Tile House (9)
Инспириран од меморијата повикана од примарното обликување на просторот, ентериерот  ја отсликува вредноста на оригиналните елементи, како керамичката кровна покривка, а особено хидрауличните плочки, кои при процесот на реобликување се интегрирани во нишите, одземени во белиот ѕиден периметар.
Tile House (6)

 

Испрати коментар

Scroll To Top