Насловна / Арт и дизајн / Награда за постерот на минатогодишниот Скопски филмски фестивал

Награда за постерот на минатогодишниот Скопски филмски фестивал

nagraden poster_resize
Постерот на минатогодишното издание на Скопскиот филмски фестивал, чиј автор е ликовниот уметник Ване Костуранов, е награден со втора награда за најдобар постер во 2013 година на онлајн дата базата Film Festival Poster Awards, која ги избира најдобрите постери на филмски фестивали.
Постерот на Канскиот филмски фестивал го доби златото, додека постерот за 85-годишнината на Оскар доби специјално признание на жирито. Освен Скопскиот филмски фестивал, втората награда ја добиле и: „Гвадалахара интернешенел филм фестивал 2013“ , „Карлови вари интернешенел филм фестивал 2013“, „Ситџес филм фестивал 2013“ и „Аненси интернешенел анимајшн филм фестивал 2013“. Оваа онлајн дата-база на дизајнерски решенија и промотивни материјали поврзани со филмските настани низ целиот свет, која веќе осум години доделува награди за уметнички достигнувања, бронзената награда за 2013 година им ја додели на десет фестивали, каде спаѓаат и канската програма „Кензен“, Фестивалот во Токио и други.

Испрати коментар

Scroll To Top