Насловна / Вести / Рама: Главното прашање не е цената на струјата, туку дали воопшто ќе ја има

Рама: Главното прашање не е цената на струјата, туку дали воопшто ќе ја има

Премиерот на Албанија, Еди Рама, повторно ги повика граѓаните да штедат електрична енергија, нагласувајќи дека не станува збор само за финансискиот трошок. „Притоа најглавното прашање не е колку ќе се покачи цената, туку дали воопшто ќе има енергија во зима“, истакнал тој. Зборувајќи за медиумите, после состанокот на кабинетот, Рама изјавил дека моменталната криза во Албанија е полоша отколку во претходните две години. Владата ќе продолжи да ја субвенционира електричната енергија за домаќинствата и за малите компании, и ќе се потруди да влијае врз цената.

rama1

Исто така тој истакнал дека се одложува воведувањето на тарифата од 36 евроценти по kWh за домаќинствата кои трошат повеќе од 800kWh електрична енергија месечно. Албанија речиси целокупната електрична енергија ја произведува во хидроцентрали. Кога ќе настапи голема суша, како што тоа беше случај оваа година, земјата мора да увезува електрична енергија, па буџетот е под огромен притисок и поради истовремено исклучително високите цени.

rama2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top