Насловна / Вести / Досега не е видено нешто слично: Снимка од дрон на голема бела ајкула како забрзува (ВИДЕО)

Досега не е видено нешто слично: Снимка од дрон на голема бела ајкула како забрзува (ВИДЕО)

Фотографот и пилот на беспилотни летала Мет Ларманд во 2020 година решил го подигне својот дрон за да сними голема бела ајкула во близина на брегот кај Капо Бич во Калифорнија.

Успеал во намерата, но не очекувал дека ќе успее да сними видеото кое стана едно од најпопуларните на социјалните мрежи. На неговата снимка може да се види голема бела ајкула која достигнува неверојатна брзина, што стана импресивно за неговите следбеници, поради што почнале да го споделуваат видеото.

Големата бела ајкула пливајќи кон брегот, според проценките на Ларманд, достигнала брзина од најмалку 32 километри на час, толку многу што неговиот дрон морал да лета со најголема можна брзина.

Иако долго време снима ајкули, Ларманд вели дека никогаш не видел така да забрзува.

Крис Лоу, директор на одделот за истражување на ајкули на Државниот универзитет во Калифорнија, смета дека самиот дрон можеби предизвикал вакво однесување на ајкулата.

„Ова е можеби одговор на сенката на дронот. Ајкулите не знаат што е закана и најбезбедно им е да побегнат кога нешто им е непознато. Интересно е и тоа што младите ајкули забрзуваат во една насока, додека постарите ајкулите прават кружни движења кога се исплашени. Ова удвојување на брзината е типично однесување на предаторот кога сака да спречи напад одзади“.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top