Насловна / Вести / Џунгла и различни слоеви на историја за ентериер на стан кој ги поместува границите

Џунгла и различни слоеви на историја за ентериер на стан кој ги поместува границите

Живеењето во Aвенијата Paulista значи – во секоја смисла – живеење на највисоката точка на еден од најважните градови во Латинска Америка. Во рамките на иконичниот пејзаж на Сао Паоло, прометната авенија прикажува современ и глобализиран стил на живот, долж комерцијални и станбени згради.

2

Меѓу нив, широките прозорци на станот Edificio Pauliceia го прикажуваат секојдневниот живот на волшебен начин. Промената на перспективата на авенијата од приземје на високото ниво на станот, овозможува единствено доживување на глетката, но далеку од тоа дека ова е најсилниот концепт на проектот.

1

Станот од 165 квадратни метри е проектиран од архитектот Рикардо Абреу за сопственик – кој работи во адвертајзинг – и неговиот златен ретривер Халк, пишува ArchDaily.

За разлика од монохроматската и густа панорама, станот нуди неверојатен поглед, врамувајќи го погледот на авенијата со голема разновидност на вегетација која е составен дел од дизајнот.

3

За таа цел се користени повеќе од 50 различни видови растенија како папрати, филадендрони, фикуси и сукуленти, додека зелената боја преовладува на ѕидовите, како и на некои ткаенини, завеси и парчиња мебел.

Низ целиот стан, стилските изрази на различни уметнички движења се спојуваат во една целина во финалниот дизајн на проектот.

4

Неокласични елементи, геометриски слики и современи уметнички дела комбинираат различни слоеви на историјата како аналогија со историјата на градот.

Штукатури се спојуваат со цевки долж плафонот и ѕидовите за да се неутрализираат, додека останатите простории се нагласени со геометрии во јаки бои, истакнувајќи врамено уметничко дело.

5

Колекцијата на мебел ја потпишуваат некои од познатите уметници и дизајнери, како што е Столот жирафа на Лина Бо Барди, парчиња од Чарлс Ејмс.

Некои од современите парчиња ги вклучуваат столовите „Sentah“ од Фелипе Проти, софата „ Aga II“ од Бруно Меирелес и столот „Pantosh“ од Леонардо Латава и Педро Муг.

Во дневната соба голем преклопен параван е направен во златна металик структура и бронзено огледало кое го гушка клавир покрај растенија.

6

Меѓу уметничките дела се скулптури Pranto на уметникот Рикардо Тешеира, печатена уметност на јапонскиот уметник Јатака Тојота, масло на платно од Антонио Брасилеиро, слика на архитектот и уметник Жураси Дореа, како и фотографии на Марчело Мањани.

Овој дизајн е различен, ентериерот ги поместува границите во креативната сцена.

7

8

9

10

11

12

14 13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top