Насловна / Архитектура / Работите на Нотр Дам готови до следните Олимписки игри

Работите на Нотр Дам готови до следните Олимписки игри

Останаа уште три години до Олимписките игри во Париз, како и до датумот на повторно отворање на Нотр Дам, најави францускиот претседател Емануел Макрон. По долга фаза на безбедносни работи и неколку месеци прекин на работите поради пандемијата, целиот изгорен кровен материјал е отстранет, поставени се скелиња во внатрешноста на катедралата и може да се каже дека реставраторските работи напредуваат.

2_resize

Во чест на архитектонското наследство и заедничките напори да се обнови Нотр Дам, Универзитетот во Вашингтон работи на реплика на една од кровните решетки на катедралата користејќи се со средновековни техники.

По сложениот процес на консолидација на конструкцијата на катедралата, ќе започнат обемни реставраторски работи подоцна оваа година. Откако изгорените остатоци се отстранети, катедралата е зајакната со дрвени носачи, поставени се потребните потпори, а експертите во моментов работат на изнаоѓање на најдобриот начин за спроведување на проектот за обнова на ентериерот, пишува France24.

1_resize

Подготвено за Игрите, но…

Реплики на кровот и кулата ќе бидат изградени од илјада најубави дабови исечени ширум Франција, а конкретната реставрација на карактеристичните обележја на катедралата треба да започне во есен 2022 година.

Според зборовите на водачот на проектот, Jean-Louis Georgelin, постои реална можност катедралата да се отвори навреме и да биде достапна за време на одржување на Олимписките игри 2024 година во Париз, но дека деталните реставраторски работи на катедралата ќе се одвиваат уште долго по тој датум.

3_resize

Гест на глобална солидарност

Факултетот за архитектура и планирање, при Католичкиот универзитет во Америка и непрофитното студио Handhouse покренаа работилница во Вашингтон, каде група студенти, тесари и инженери работат заедно на еден дел од репликата, за да придонесат во проектот и помогнат планираните работи да се развиваат во зададениот временски рок.

Тимот ја опиша својата работа како „гест на глобална солидарност во чест на важноста на културното наследство“, а целиот проект започна со истражување на древните градежни технологии, што создаде прилика за подлабоко разбирање на наследството на Нотр Дам.

4_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top