Насловна / Архитектура / Илјада најубави дабови за Нотр Дам

Илјада најубави дабови за Нотр Дам

Веројатно најубавите дабови во Франција растат во шумата Берса. Ова дрво ќе се користи за обнова на катедралата Нотр Дам. Шумарите од целата земја помагаат во тој процес.

Шума Берса во долината Лоара. Шума полна со дабови. Високи, исправени, вити. И, секое дрво се чини дека е индивидуа, како да плаче за тоа да добие име. И навистина – некои од овие дабови се „крстени“.

4_resize

Пред еден од тие дабови стои Уго Бутије – 23 години, брада, шлем, моторна пила во рацете. Пред да отпочне со работа на дабот, кој ја носи плочата со реден број еден, „да го ослободи“ од непотребните гранки, тој вели:

„Ова е генијално. Историски момент. Се наоѓаме на почетокот на процесот на обновување. Само ќе ги оставам стеблото и гранките во средината на крошна кои го амортизираат падот. Чест ми е да работам со дрво кое ќе се користи за реновирање на Нотр Дам. Тоа се прави само еднаш во животот“, вели Уго.

1_resize

Шумарите од цела Франција се организирале да донираат илјада дабови за реновирање на париската катедрала. Петстотини дабови се од државни шуми, а петстотини од приватни имоти. Уго ја заврши својата работа, на ред се неговите колеги кои за миг рушат даб.

Старо над два века

Земјата се тресе во радиус од 100 метри. Шумарскиот техничар Антони Жану е првиот кај дрвото. Во раце му се инструменти: „Димензии? На дното дијаметар од 105 сантиметри. Деблото е долго 20 метри. Растело рамномерно, цилиндрично, затоа ни е и интересно. Старо е околу 220 години, зад себе има многу тешки зими и топли лета. „Многу се поотпорни од нас луѓето“, вели Жану.

Вкупно осум дабови од Берса ќе заминат кон Париз. А кое дрво ќе се исече? Изборот се прави со помош на дронови и 3Д симулации. За тоа е одговорна единствената жена во шумарскиот тим на самото место – Клер Кинон:

2_resize

„Во катедралата ќе поминат неколку векови. Тоа е одлично. На нашите дрвја им даваме втор живот. Тоа е на некој начин и оддавање почит на сите оние шумари кои се грижеа за нив“, смета Кинон.

Како и сите други големи шуми, и оваа некогаш било сопственост на кралеви. Колбер, министерот за финансии на дворот на Кралот Сонце, Луј XIV, започнал да се занимава со управување со шумите. На дворот му требале големи дрвја – тогаш се користеле за бродови, а денес за катедрали.

6_resize

„Совршено дрво“

Исечениот даб ќе „одмори“ во сенка до летото, потоа ќе оди во пилана, а потоа и на сушење. Полни 18 месеци. Влагата мора да падне на помалку од 30 проценти.

На почетокот на 2023 година, дрвата конечно ќе им бидат дадени на столарите, вели Емерик Албер, шеф на дистрибуција на шумарската управа:

5_resize

„Совршено е, целосно е здраво. Кубик вакво дрво чини 1.000 евра. Ова дрво целосно ги исполнува барањата на архитектите. Во пиланата од него ќе исечат греди со димензии 40 на 36 сантиметри, долги 17 метри. Го избравме ова дрво затоа што е малку свиткано. Ќе биде искористено за обнова на сводот на Нотр Дам, а на нив ќе биде поставена новата кула. Ние веќе сега знаеме каде ќе биде вградено ова дрво “, нагласува Алберт.

Денот на големиот пожар на познатата париска катедрала е засекогаш запишан во историските книги. Нотр Дам ќе „воскресне“ со помош на шумата Берса, каде растат најубавите дабови во Франција.

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top